Повик за учество на Startup Weekend во Скопје

Startup Weekend во Скопје годинава ќе се одржи од 29 ноември до 1 декември во Инофеит. Сите идни претприемачи кои ќе учествуваат ќе имаат на располагање динамични 54 часа, кои ќе ги искористат да создадат стартап. Покрај тоа, ќе стекнат нови познанства и ќе учат нови вештини.

Учесниците на Startup Weekend ќе имаат можност да разменуваат идеи и самостојно или поделени во тимови да ги разработуваат. Освен учесниците, во подобрување на идејата ќе помогнат експерти од различни полиња кои ќе бидат ментори во текот на настанот. Учество се пријавува на следниот ЛИНК.

„Со учество на настанот добивате можност да остварите професионални бизнис контакти. Остварувањето на контакт со индивидуи кои веќе изградиле свој успешен бизнис не е лесно, а токму тие би можеле да бидат многу корисен советник, партнер, па дури и потенцијален инвеститор.  Експертите кои ќе бидат дел од Startup Weekend, нивните совети, искуства и професионални мислења ќе им бидат достапни на сите тимови. Поддршка, критика или совет од овие индивидуи е многу значајна, а учесниците ќе ги имаат на располагање за време на целиот настан“, велат организаторите.

За време на Startup Weekend, учесниците ќе научат како функционираат стартапите, кои се новите иновации и трендови во светот на технологијата и бизнисот, и за луѓето во светот на иновациите.

„Замислете дека сте сунѓер и дојдете на Startup Weekend за да впиете што е можно повеќе од сето знаење што ќе го исполни просторот“, стои во повикот.

Настанот е поддржан Techstars и Google for Entrepreneurs. Повеќе информации има на следниот ЛИНК.