Повик за учество на работилници за женски права и слободи

Центарот за младински активизам Крик објавува повик за учесници на работилници кои ќе се реализираат во Скопје во период ноември-декември 2015. Целта на работилниците е да се даде пристап  на младите кон младинска работа на територијата на Скопје.

Темата на делување се женските права и слободи. Ќе започне со краток историјат на женската борба за економска, политичка и социјална независност, за потоа да се направат компаративни анализи на ситуација на овие три полиња во 21 век

Првата работилница е предвидена да започне на 07.11 (сабота). Вкупно ќе се реализираат четири работилници (по една работилница неделно во текот на викендот) со времетраење од четири часа. Последната работилница ќе се реализира на 28.11, а во декември е предвиден завршен настан и завршна забава.

Работилниците ќе се одржуваат во канцелариите на Крик во Стара Чаршија (Безистен) и нив ќе ги водат Маријана Јанческа и Сања Михајловска.

Работилниците се базирани на методи и техники на неформалното образование и вклучуваат работа во групи, креативни методи и сл.

Оние кои сакаат да учествуваат во работилниците, потребно е да ја пополнат апликацијата не подоцна од 24 октомври.

Дополнителни прашања за програмата може да се постават на sanja_m_s@live.com.