Повик за учество на работилница за деца за архитектурата во Скопје

Што е тоа архитектура? Како и зошто се градат згради? Што е тоа модерна архитектура? Кои се најдобрите згради во Скопје? Зошто се најдобри? Овие и на уште неколку прашања ќе се зборува на работилницата во организацијата на „Плоштад Слобода“.

Таа е наменета за деца од 8 до 12 години и ќе се одржува два викенди во Скопје.

Како дел од активностите на работилницата, ќе се одржи и прошетка до повеќе значајни градби во градот, меѓу кои НУБ „Свети Климент Охридски“, Музеј на современа уметност и Градски трговски центар.

Заинтересираните може да се пријават на plostad.sloboda.skopje@gmail.com. Краен рок за пријавување е 25 април, 16 часот.

Организаторите напоменуваат дека во групата има место само за 12 учесници.