Повик за учество на првата Балканска дебатна академија во Скопје од 13 до 18 ноември

Младинскиот образовен форум во соработка со Отворена комуникација – Центар за културен дијалог и дебатен центар ја организира првата балканска дебатна академија: Со дебата до соработка, која ќе се одржи во Скопје од 13-ти до 18-ти ноември.

„Дали сакате да научите да дебатирате и да се натпреварувате на меѓународен дебатен турнир? Дали сакате да се сретнете и да се дружите со млади луѓе од други култури? Дали сакате да разговарате за соработката на Балканот, желбите и идеите на младите? Дали сакате да бидете дел од креативна и исполнета програма во Скопје, Македонија?“, се вели во повикот за учество.

Академијата вклучува интензивна недела на обука за World Schools Debate и дебатен турнир во Скопје. Програмата е наменета за средношколци и нуди обуки за почетници и напредни дебатери.

Програмата за обука ќе се одржува од 13 до 15 ноември и ќе понуди лекции за почетници и напредни дебатери, дебатни обучувачи и судии, исполнети со предавања за теоријата на дебатата и вежби.

Со учество во програмата за обука за почетници ќе дознаете:
– Што е дебата и основите на натпреварувачката дебата
– Како да се изградат аргументи
– Како да се побијат
– Како да истражувате и да изградите случај
– Како да се направи и одржи јавен говор

Со учество во програмата за обука за напредни дебатери ќе дознаете:
– Како да се интерпретираат и анализираат предлози
– Како да се идентификува тежината на доказот
– Како да се идентификува и изгради рамка за вашиот случај
– Како да дебатирате со идентитети

Со учество во програмата за обука за обучувачи ќе дознаете:
– Како да се суди во форматот World Schools Debate
– Како да предавате дебата на средношколци
– Како да водите дебатен клуб
– Како да организирате дебатен турнир

Турнирот ќе се одржи од 16 ноември до 18 ноември и ќе вклучува 5 прелиминарни круга, полуфинале и финале во форматот World School Debating.

За учество во академијата може да се регистрирате на следниот ЛИНК. Краен рок за пријавување е 8 ноември, 2018 година.

Сместувањето и храната за време на настанот ќе бидат организирани и обезбедени од страна на домаќините. Учесниците треба да ги покријат патните трошоци до и од Скопје и да уплатат партиципација.

– Котизација за академијата (цела академија + турнир): 100,00 евра и покрива материјали, сместување за 5 ноќевања, оброци и освежителни пијалоци.
– Котизација за академијата (цела академија + турнир) за локални учесници од Скопје: 80,00 евра и покрива материјали, оброци и освежителни пијалоци.
– Котизација за турнирот изнесува: 60,00 евра и покрива сместување за 2 ноќевања, материјали, освежителни пијалоци и оброци.
– Котизација за турнирот за локални учесници од Скопје: 30,00 евра и покрива материјали, оброци и освежителни пијалоци.

За подетални информации можете да пратите e-mail на: debateacademy@mof.org.mk

Проектот е поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка – РИКО.