Повик за учество на петтото издание на транс фестивалот „До-Зора“

За петтото по ред јубилејно издание на транс фестивалот „До-Зора“, кое ќе се одржи на 01 април (сабота), во близина на Делчево, фестивалот распишува конкурс за пријавување на заинтересирани настапувачи, DJ’s, декоратори, акробати и други ентузијасти на волонтерска основа.

Организаторите на фестивалот и оваа година ветуваат незаборавно искуство. „До-Зора“ веќе четири години по ред се случува на отворено, во близина на Делчево, со бесплатен влез за сите љубители на транс музиката.

Конкурсот трае до 31 јуни и сите заинтересирани потребно е да ја пополнат следнава апликација.