Повик за учество на Охридската школа на природното право

Oд 30 јуни до 7 јули 2019 година, во Научен и уметнички центар „Уранија“, Охрид ќе се одржи Охридската школа на природно право на тема „Предизвици на реформите во правниот, политичкиот и безбедносниот систем“.

Во рамките на Охридската школа се предвидува научно оспособување и усовршување на 20 студенти на постдипломски студии (втор циклус на студии) и 5 студенти на докторски студии (трет циклус на студии) во областа на правните, политичките и економските науки во рамките на државните и приватните универзитети во државата. За работни јазици се предвидуваат македонскиот и англискиот.

Сите заинтересирани студенти на втор и трет циклус на правни, политички  и економски студии может да се пријават на повикот и да земат учество на Охридската школа на природното право.

Студентите мора да се запишани на втор односно трет циклус на студии (правни, политички и економски) и да имаат познавање од англискиот јазик. Студентите треба да се во можност да учествуваат за целото времетрање на Школото.

Заинтересирананите студенти можат да се пријават со доставување на пополнет формулар на следната e-адреса: prirodnopravo@manu.edu.mk вклучително и мотивационо писмо со што ќе покажат интерес за темата и лична мотивација.

Рок за пријавување е 15 ти мај 2019 година.

Целосните трошоци за сместување, храна и работни материјали се покриени.