Повик за учество на обука за снимање документарни филмови во Призрен

Докуфест објави повик за учество во тренинг програма за изработка на документарен филм на која може да се пријават учесници на возраст од 18-25 години, од Косово, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Романија, Грција, Хрватска, Италија, Шпанија и Франција.

Одбраните учесниците ќе бидат поделени во групи и за време на работилниците во Призрен ќе можат да ги развиваат своите идеи, пишуваат и снимаат филмови под водство на избрани ментори. Крајната цел е да се направат два филма на тема идентитет, култура и граѓанство.

Обуката има две работилници, првата ќе се одржува од 5 до 17 април, а втората се планира за почетокот од август, 2016 година.

Проектот „Rec’on the future!“ има за цел да отвори простор за себеизразување на тема граѓанството и Европа, и притоа учесниците од земји што се и не се на ЕУ ќе можат да ги споделат своите гледишта. Апликацијата е достапна овде.

Краен рок за пријавување е 25 март, 2016 година. Сите трошоци за патување, храна, сместување се покриени од организаторите.

Проектот е организиран од Pistes Solidaires Méditerranée, го спроведува Докуфест, а финансиски е поддржан од програмата на Еразмус плус и Région PACA. Повеќе информации за проектот на следниот линк.