Повик за учество на обука за сексуално и репродуктивно здравје

Во рамките на Erasmus+ Youth in Action Program Western Balkan Window, во соработка на повеќе Европски држави, Волонтерски центар Скопјe објави повик за учество на тридневна обука за сексуално и репродуктивно здравје.

На неа може да учествуваат млади луѓе, средношколци, студенти, млади полни со ентузијазам и желба да го надоградат и пренесат своето знаење, на возраст до 30 години. Тие треба да станат промотори на младинското лидерство во развој на политиките и програмите за сексуално и репродуктивно здравје, да се пријават и заедно со останатите волонтери да работат на разбивање на табуата.

Обуката „Сексуално – репродуктивно здравје и заштита“ ќе се одржи на втората недела на декември 2018 година и ќе опфати: видови на сексуални преносливи болести, контрацептивни методи, начини на заштита, абортус. Покрај сеопфатното сексуално образование ќе се учи и за волонтерството, за техники и начини на комуникација и за пренесување информации.

Обуката е бесплатна и сите трошоци ќе бидат покриени од Волонтерски центар Скопје. Бројот на учесници е ограничен на 25 и е најавена селекција на пријавените кандидати.

Краен рок за пријавување е 2 декември со пополнување на апликацијата ОВДЕ.