Повик за учество на натпревар за најдобро видео за подигнување на свеста против насилството врз жените

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство  во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените“, а со поддршка на Американската амбасада – Скопје,  распишува Јавен повик за подготовка на видео спот, наменет за подигнување на јавната свест за насилството врз жените и семејното насилство.

Целта е да се претстават различните форми на насилство врз жени и девојки, а во насока на унапредување на знаењата кај младите за последиците од насилството врз индивидуата и врз општеството, како и рано препознавање на знаците и навремено спречување. Дополнително, да се даде осврт кон состојбата во државата во однос на обезбедување на заштита на жените и девојките жртви на различни форми на насилство и казнување на сторителите.

Содржината на видео спотот треба да биде фокусирана на подигнување на јавната свест за постоење и препознавање на различните форми на насилство врз жените и девојките, пристап до сервисите за поддршка за сите жени – жртви на насилство, препознавање и навремено безбедно прекинување на насилна интимна партнерска врска, моменталната состојба во Македонија во однос на превенцијата и заштитата итн.

Првонаграденото видео ќе учествува во натреварот на европско ниво. Повеќе информации за овој настан можете да најдете на следниот линк.

Повеќе детали за условите и начините за пријавување и форматот на видеото, може да се најдат на веб страницата на Глас против насилство.