Повик за учество на Меѓународната студентска недела 2019 во Белград

Студентскиот фестивал „Меѓународна студентска недела во Белград“ објави повик за учесници на настанот кој ќе се одржува од 14 до 22 јули оваа година во главниот град на Србија.

Од Фестивалот најавуваат дека на фестивалот млади луѓе од целиот свет ќе дискутираат на важни општествени прашања и теми низ 10 различни работилници, а на учесниците ќе им се овозможи вмрежување и стекнување пријателства.

Организаторите охрабруваат на настанот да се пријават и да учествуваат млади луѓе со попреченост, како и припадници на маргинализирани групи. Фестивалот ќе биде прилагоден на нивните потреби со цел да се промовира нивна вклученост и поврзување со млади луѓе од Србија и светот.

Работилниците ќе бидат за филм, танц, 3Д печатење, стрипови, екологија и климатски промени, јога, гејминг, музика и ментално здравје, стартапи и криптовалути.

Фестивалот се одржува секоја година од 2006 во Белград, на која учествуваат по околу 200 млади од целиот свет. Организатор на фестивалот е здружението Светски младински бран.

Пријавувањето е отворено до 28 февруари, а можат да учествуваат заинтересирани на возраст од 18 до 30 години.

Повеќе информации за студентскиот фестивал може да најдете на следниов ЛИНК, додека апликациите за учество можат да се поднесат на следниов ЛИНК.