Повик за учество на Меѓународна младинска конференција во Крушево

Младински Сојуз Крушево организира Меѓународна младинска конференција на тема „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа“ во Крушево, од 11-15 септември.

Kонференцијата се одржува веќе 13 години и секоја година учествуваат 60 младински лидери од 16 земји (Македонија, Албанија, Бугарија, Турција, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Германија, Италија, Романија, Полска и Франција).

На неа може да учествуваат младински лидери, претставници од младински мрежи и активни млади луѓе, како и оние кои се запознаени со темата на конференцијата и оние кои сакаат да го зголемат своето знаење во поглед на европските вредности и ЕУ интеграција.

Трошоците целосно ќе бидат покриени од организаторите, вклучувајќи материјали, сместување и оброк. Патните трошоци ќе бидат 80 отсто покриени.

Меѓународната младинска конференција преставува раскрсница каде се вкрствуваат дискусии за владеење на право, демократија, човекови права, слобода на говор и вклученост на младите во политиката.

Оние кои сакаат да се пријават потребно е да ја пополнат онлајн апликацијата. Повикот за пријавување е отворен до 5 септември. Предност имаат оние кои ќе се пријават први.

За повеќе информации, посетете ја интернет страницата на конференцијата или прашањата можете да ги упатете на мејлот conference2015@krusevoconference.org.mk.