Повик за учество на манифестацијата „Звуците на чаршијата“

Културно информативен центар – Скопје, и оваа година традиционално ја организира мултимедијалната манифестација „Звуците на чаршијата“ која ќе се одржи во септември.

Сите заинтересирани (ликовни уметници, музичари, културно уметнички друштва, танцови групи, џез, рок, поп групи, пеачи/групи на староградски песни…) треба да ги пријават своите проекти најдоцна до 5 август, во Културно информативниот центар.

Комисија ќе ги разгледува проектите кои треба да се испратат до адресата на центарот и одлучува кои ќе бидат избрани за програмата на манифестацијата.

 Адресата на која можат да се праќаат проектите е достапна на овој линк.