Повик за учество на јавна дискусија за нацрт закон за младинска работа

Сојузот за младинска работа (СМР) организира јавна дискусија за нацрт законот за младинска работа. Дискусијата се организира на 18 ноември, од 13:00 до 15:00 часот во просториите на ОБСЕ мисијата во Скопје.

Сојуз за младинска работа, веќе втора година заедно со Агенција за млади и спорт и поддршка од ОБСЕ мисијата во Скопје работи на процес на препознавање на младинска работа и младински работници во Македонија. Сојузот е составен од 22 членки организаци од Македонија кои се здружени заедно за да работат на вмрежување на младински организации, размена на искуства, стандардизација на квалитет на младинска работа и препознавање на младинската работа и младинските работници.

Нацрт законот за младинска работа беше изготвен во месец јануари од страна на експерти кои работат како младински работници повеќе години. Нацрт законот беше дискутиран со членките на СМР и фокус групите кои активно работеа на истиот, но за афирмација на младинската работа, потребна е консултација со сите засегнати страни, информираат од СМР.