Од 9 до 10 јуни во Градскиот парк, по петти пат во Скопје ќе има масовно урбано будење.
Skopje Street Festival, годинава под мотото „Остави печат“, ќе има пет подиуми: стритбол, денс, графити, музички и едукативен.
Млади инфо во рамки на едукативниот подиум, го организира и Фестивалот на солидарноста, односно на панели ќе се пишуваат пораки за солидарноста, цртежи со спреј, ќе се дебатира, а ќе се организира и изложба на фотографии насловена „Славиме солидарност“.
Целта на изложбата е да се види како младите во Македонија ја доживуваат солидарноста, каков печат тие оставаат и да се поттикнат што повеќе да се идентификуваат со оваа вредност.
Изложбата е дел од проектот „Прославување на солидарноста“ (Celebrating Solidarity), предводено oд фондацијата Ана и Владе Дивац од Србија, а во кој Младиинфо Интернационал учествува како партнер-организација, заедно со организации од Албанија, Бугарија, Унгарија и Полска.
Најдобрите фотографии ќе бидат јавно изложени за време на фестивалот, а најдобрите три фотографии избрани од стручно жири ќе добијат скромна парична награда од 50 евра. Фотографиите ќе бидат објавени и онлајн.
Кој може да учествува?
- Секој со страст за фотографија;
- Аматери или професионални фотографи желни да ја споделат својата перцепција за солидарноста.
Фотографиите треба да се испратат на ema@mladiinfo.eu. Може да се испрати една или повеќе фотографии (максимум пет), а рокот за аплицирање е до 30 мај 2017. Учеството на конкурсот е бесплатно.
Фотографиите треба да бидат во JPEG формат, со минимум резолуција од 1920 x 1080 пиксели (2MP), а треба да содржат и краток опис (наслов, година, локација).
Резултатите ќе бидат објавени во првата недела од јуни годинава.
За дополнителни прашања и коментари, може да се обратете на ema@mladiinfo.eu. Повеќе за проектот на официјалната веб-страна.
Проектот „Прославување на солидарноста“ е поддржан од програмата „Европа за граѓаните“ на Европската комисија.