Во тек е Европскиот филмски предизвик кој годинава трае до 17 мај. Учесниците со најмногу освоени поени ќе отпатуваат на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал 2021, доколку не биде откажан поради пандемијата и ако нема рестрикции за патувања.
Предизвикот бара од учесниците во период од 10 недели да изгледат 10 европски филмови на репертоарот во киносалите, во рамки на локалните филмски фестивали, на телевизија или на некоја од легалните видеостриминг-платформи. Тие треба да го споделат фотографија од својот билет или со фотогарфија како гледаат филм дома, сами, со најблиските или со друштвото, под хаштагот #EuropeanFilmChallenge.
Доколку фестивалот биде откажан поради Ковид-19 или ако има рестрикции за патување, победникот ќе добие пакет Home cinema experience.
За учество во предизвикот потребно е регистрирање на следниот ЛИНК.
European Film Challenge е заедница на вљубеници во европскиот филм желни да го доживеат киното од првите редови преку содржини од зад сцената, филмски препораки и ексклузивен пристап до европските филмови и фестивали во Берлин, Кан и Венеција.
Во Северна Македонија, проектот го спроведува Центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21“ со поддршка од програмата на ЕУ МЕДИА – Креативна Европа и Европската филмска индустрија.