Повик за учество на еколошки мини-тренинг од 14-ти до 16-ти јуни

Тимот на YFoEMacedonia организира уште една еколошка средба, овој пат мини тренинг на тема – Работење со загрозени заедници (Mini training: Working with Affected Communities), од аспект на климатска и социјална правда.

Тренингот ќе се одржи од 14ти до 16ти јуни во Подгорски Ан, Колешино, Струмичко.

На овој тренинг ќе присуствуваат учесници и од Young Friends of the Earth групите од Македонија, Хрватска и Кипар кои ќе споделат повеќе за нивната ситуација и активности за животна средина и климатско-социјална правда.

„На тренингот ќе зборуваме за градење на интерсекционално движење и интерсекционален пристап, стратегии за организација и мобилизација, алатки за организирање со локални загрозени заедници, како и методологии за комуникација на заедничките вредности и визии. Сесиите ќе бидат водени од тренери, а ќе има простор и за учесниците да споделат нивни знаења и вештини. Тренингот ќе се одвива на англиски јазик поради што потребно е солидно познавање на истиот“, информираат организаторите.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк: https://youngfoemacedonia.typeform.com/to/D7SPS0, најдоцна до недела (2-ри) јуни.

Од YFoEMacedonia објаснуваат дека било какви прашања можат да им бидат упатени преку Фејсбук  страната или на yfoemacedonia@gmail.com.