Повик за учество: Мини ЕВЕС во склоп на Станица Студентска

Мини ЕВЕС е натпревар на тимови. На сите оние кои го пропуштија локалното издание на најголемото европско инженерско натпреварување, им се дава втора шанса со повикот Мини ЕВЕС со БЕСТ, со Team Design задача. Повикот е дел од четвртото издание на Станица:Студентска кое ќе се одржи во среда, 30 март во Јавна соба, а отворен е за сите креативци, дизајнери и пронаоѓачи.

Целта е да пронајдете креативно решение на некој проблем, и да ги демонстрирате резултатите во ограничен период на време. Не е потребно претходно предзнаење од областа на инжењерстото или техничките науки!

Линк за пријавување: https://docs.google.com/forms/d/1UdtiKXV6rDZD5CIIKXPjA-SabAd4kVVwscOuaT6bJuk/viewform?ts=56ef2895&edit_requested=true