Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање (НЕЛ) од Скопје објавува отворен повик за 7 учесници од Македонија, на возраст од 18 до 25 години, за младинска размена, која ќе се одржи во Анкара, Турција од 12 до 19 декември 2014.
Размената на тема „We are the five fingers of a hand“, на која ќе учествуваат 42 млади од Македонија, Турција, Полска, Бугарија, Романија и Италија, се организира во рамките на програмата „Еразмус +“ (Erasmus +) на Европската Комисија,
Храната и сместувањето се целосно покриени од страна на организаторите, како и патните трошоци дo 170 евра. Учесниците мора да се способни да комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој е работен јазик на проектот.
Сите аинтересирани за учество во проектот, треба да испратат пополнет апликационен формулар или да постават прашање на contact@pel.mk со назнака „Младинска размена во Анкара“, најдоцна до 26-ти октомври 2014.
Апликацијата и повеќе информации за програмата ќе најдете ОВДЕ.