Повик за учесници на третиот „Акустик сквер фестивал“ во Скопје

Во рамките на манифестацијата Скопје Сквер – плоштад на културата, во организација на  Град Скопје и Универзална Сала ќе се одржи третиот Акустичен Сквер Фестивал 2014, на кој ќе настапат млади рок кантавтори и групи со своја авторска музика.  Фестивалот ќе се одржи на 5-ти  септември  2014 година во 21:00 часот на летната сцена поставена на платото пред Универзална Сала.

Повик за учесници на третиот „Акустик сквер фестивал“ во Скопје

По тој повод Универзална Сала објавува повик до сите заинтересирани рок бендови и соло изведувачи кои имаат свои авторски песни да бидат дел од големата рок фешта, а за учество на фестивалот можат да се пријават и да учествуваат кантавтори и групи од цела Македонија. Доколку сакате да настапите на иста сцена со познати македонски рок состави и изведувачи можете да се пријавите со ваши податоци и ваш контакт телефон во инбокс на нашиот фесбук профил FB:Универзална сала или на нашата мејл адреса info@univerzalna.com.mk  најдоцна до 27 август.

И ова година Акустик Сквер Фестивал ќе донесе одлична музика, супер забава и многу изненадувања за посетителите.