Повик за учесници на „Обука за обучувачи за превенција на говор на омраза”

Повик за учесници на „Обука за обучувачи за превенција на говор на омраза"Националниот комитет за борба против говорот на омраза на интернет распишува повик за учесници на Обука за обучувачи за превенција на говор на омраза.

Обуката се реализира во соработка со Директоратот за млади и спорт на Советот на Европа, во рамки на кампањата против говор на омраза на итернет имплементирана од Центар за Меѓукултурен Дијалог Куманово, Агенција за Млади и Спорт и Младински Образовен Форум.

Обуката се организра во два дела. Првиот дел се реализира во период од 1 до 7 октомври 2013, додека вториот дел претставува организирање на кратки активности на учесниците на обуката во средините во кои работат и делуваат во врска со темата на обуката.

Главната цел е да се обучат младински работници, едукатори и онлајн активисти како да се справат со онлајн дискриминација, нетолеранција и подемот на насилство преку користење на едукација за човекови права. Обуката ќе ја подигне свеста за ефектите кои говорот на омраза ги има врз младите. Ќе обезбеди 25 учесници со компетенции како да промовираат човекови права и да ги едуцираат младите за човекови права со цел активно да се вклучат во борбата против прекршувањата на човековите права. Проектот ќе се фокусира на обезбедување на алатки за едукација за човекови права особено во онлајн просторот каде што човековите права доста често се прекршуваат.

Проектот има за цел да помогне во подигање на свеста за концептот на образование за човековите права и неговото значење за младите, како превенција против појавата на насилство, расизам, екстремизам, ксенофобија, дискриминација и нетолеранција. Мадинските работници, едукатори и онлајн активисти ќе се здобијат со компетенции активно да се борат против говорот на омраза на интернет, а ќе бидат понудени алатки, методи и пристапи за едукација за човекови права и борба против говорот на омраза онлајн и офлајн.

За обуката може да аплицираат улесници кои имаат над 18 години,  ќе бидат во можност да учествуваат во текот на целата обука, а по обуката активно да се вклучат во спроведување на активности, да се наставници во основни и средни училишта, младински работници и едукатори, претставници на младински организации од Македонија, блогери. Апликантите исто така треба да имаат основни познавања за организирање на образовна активност како на пример работилница, а по завршувањето на обуката да се во можност за реализација на кратка активност во околината во која дејствуваат.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку потполнување на формулар за учество кој може да го најдете на овој ЛИНК. Пријавите треба да се поднесат најдоцна до 18ти Септември 2013 година. Трошоците за сместување и превоз целосно се покриваат од страна на CID.