Повик за учесници на Македонскиот интернационален модел Обединети нации

Повик за учесници на Македонски интернационален модел Обединети нацииДо 15 ноември е отворен повикот за учество на првата конференција – Македонски интернационален модел Обединети нации (MACMUN) која ќе се одржи од 29 ноември до 1 декември на Економскиот факултет во Скопје.

Право на учество имаат студенти или дипломци на општествените факултети, на возраст од 18 до 35 години. Се аплицира на официјалниот сајт macmun.weebly.com, а повеќе информации може да се добијат на мејлот на организаторите  macmun.unamkd@gmail.com.

Бројката е ограничена на 100 учесници, кои ќе бидат поделени во две групи: Економско-социјален совет и Совет за безбедност.

Првата група ќе има задача да изготви резолуција „Милениумските развојни цели – каде сме и што може да направиме до 2015 година“.

Втората група или  Советот за безбедност ќе работи на резолуцијата „Демонстрации и нивните ефекти врз националната безбедност“.

За учесниците од Македонија, партиципацијата за учество на Македонски интернационален модел Обединети нации е 30 евра.