Повик за учесници на видео работилница за млади во Крушево

Младински образовен форум објавува повик за учесници на видео работилница за млади за препознавање и решавање на локални проблеми која ќе се одржи од 13 – 15  декември 2019 во Крушево.

Работилницата ќе опфати содржини од областа на медиумската писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози. Работилницата ќе понуди теоретски и практични знаења кои со изработка на видеата учесниците ќе ги употребат во текот на самата работилница. Право на учество имаат сите млади кои живеат во Крушево и кои се или сакаат да бидат активни граѓани и да придонесат за средината во која живеат.

За време на тридневната работилница, младите ќе дискутираат за локални предизвици и недостатоци на локално ниво и ќе научат за техниките како се снима и монтира кратко видео. Главната цел на работилницата е да се изработат видеа со кои ќе се подигне јавната свест на одредена тема поврзана со проблемите во локалните заедници. 

Каде?
Работилницата ќе се одржи во Крушево, за точната локација ќе бидете известени дополнително. 

Кога?
Од 13 – 15 декември 2019 година. Работилницата започнува на 13-ти декември, петок во попладневните часови и завршува на 15-ти декември, недела попладне. 

Кој може да аплицира?

Сите млади кои живеат во Крушево. Претходно знаење и искуство не е потребно. 

Како се аплицира?

Аплицирањето се врши на следниот линк најдоцна до 10-ти декември 2019 (вторник).

Работилницата е бесплатна, а работен јазик ќе биде македонски. Пријавените треба да присуствуваат на сите три денови од работилница.

Сите заинтересирани за работилниците можат да се обратат на следниот мejл или телефон: ivona_kuzmanovska@mof.org.mk, 02/3139 692