Повик за учесници на работилници за антикорупција

Цма Крик објави повик за учесници на работилници во Скопје, кои ќе се одржуваат од ноември до декември 2015 година. Целта на работилниците е да се даде пристап на младите кон младинска работа на територијата на градот.
Програма е насловена „Кажи и НЕ на корупцијата. Секое НЕ се брои!“ и е наменета за млади на возраст од 18 до 25 години.
Учесниците на работилниците ќе добијат практично искуство и алатки за работа против корупцијата.

Првата работилница е најавена на 31.10.2015, сабота. Вкупно ќе се реализираат 4 работилници (по една работилница неделно во текот на викендот) со времетраење од 2 часа и 30 минути. Последната работилница ќе се реализира на 21.11.2015,  а во месец декември е предвиден завршен настан и завршна забава.

Младинските работници ќе ги водат Петар Трајковски, Стефанија Младеновска и Марија Давчева,  од младинската организација Анти Корупција Интернационал Македонија која е официјално претставништво на Анти Корупција Интернационал во Македонија.  Работилниците се базирани на методи и техники на неформалното образование и вклучуваат работа во групи, креативни методи и сл.

Сите кои се заинтересирани за учествуво во програмата атреба да аплицираат на следниот линк (
https://docs.google.com/forms/d/1FEoBd7X0Rod9Q4YXH-K56cw5_zOlvHqkfdUFADCUZlc/viewform?c=0&w=1) , најдоцна до 21.10.2015.

Програма за работилниците:

31.10.2015 Работилница 1-Дефинирање на корупцијата, облици, причини за појавување и негативни ефекти
07.11.2015 Работилница 2-Состојбата со корупцијата во Македонија и во светот
14.11.2015 Работилница 3-Алатки за борба со корупцијата – прв дел
21.11.2015 Работилница 4-Алатки за борба против корупцијата – втор дел

За дополнителни прашања за програмата пишете на sanja_m_s@live.com.