Повик за учесници на работилници на тема „Општестевени промени преку Форум театар “

Цма Крик објавува повик за учесници на работилници кои ќе се реализираат во Скопје во период април – мај 2016. Целта на работилниците е да се даде пристап на младите кон младинска работа на територијата на Скопје.

Програмата е наменета за млади на возраст над 18 години.

„Темата е мапирање на проблеми во општеството и понуда на решенија преку користење на методи и техники на форум театар. Покрај форум театарот ќе се користи и image и newspaper театар. Најпрво ќе се запознаеме со работа на сцени, етиди, импровизации и имитации со цел да можеме да го разбереме форум театарот. Ќе работиме на проблеми од нашето секојдневие, ќе се обидеме да ги мапираме корените на проблемите и да понудиме соодветно решение“, велат организаторите.

Главната цел на програмата е со театарски вежби и импровизација да се создаде креативен процес кој ќе даде решение на проблемите со кои се соочуваме.

Првата работилница е предвидена да започне на 12.04.2016 вторник. Вкупно ќе се реализираат 8 работилници (по 2 работилница неделно во текот на работната недела) со времетраење од 3 часа, во канцелариите на Цма Крик во Стара Чаршија (Безистен). Почетокот на работилниците е после 17:00 часот. Последната работилница ќе се реализира на 05.05.2016 а во месец мај е предвиден завршен настан (претстава) и завршна забава.

Предавачи се Драгана Гунин – режисер, Бојан Лазаров – актер и Мила Карадафова – обучувач.

За учество на програмата потребно е да се пополни онлајн апликацијата достапна на овој ЛИНК, а краен рок е 9 април.