Повик за учесници на обука за животен стил без отпад

Младинската иницијатива ViridiQ организира обука на која учесниците ќе имаат прилика да научат како да го намалат отпадот што го создаваат.

„Живеење без отпад не е само стил на живеење, туку тоа претставува филозофија на живеењето.
Што значи тоа? – Користење на производи кои би биле реупотребувале, би се рециклирале и би биле долготрајни како и купување на производи кои би ги задоволиле нашите основни потреби“, стои во повикот.

Обуката за нула-отпад ќе се одржи на 14 април во Канцеларија за млади на општина Центар, со почеток од 12:00 (регистрација почнува од 11:45).

На неа учесниците ќе слушнат како живеат некои луѓе без отпад и како можат да се применат некои од нивните навики низ практични совети.

Со обуката следува и предизвик.

„Од 14 до 22 април тргни едно парче амбалажа и стекни нови навики! 15.04 е ден без пластични шишиња, а следните денови ќе бидат објавени на денот на обуката. Секој ден добивате нов предизвик и го додавате на претходниот. Сите учесници ќе добијат „starter pack“ кој ќе ви помогне во предизвикот, вклучувајќи платнена торба, реупотребливо шише и уште изненадувања. Секој учесник ќе има обврска да го евидентира својот напредок. Најуспешните ќе добијат награда на денот на планетата земја 22-ри април, во просториите на културниот центар на Автокоманда, по изложбата „Естетика на грдото“, се вели во повикот.

Право на учество имаат сите млади над 15 години кои сакаат да ги позеленат своите навики и дирекно да ѝ помогнат на животната средина.

Краен рок на пријавување: 12-ти Април, четврток 23:59
Начин на пријавување: Пополнување на апликацискиот формулар на овој линк 

Агенда:
11:45-12:00 Регистрација
12:00-12:15 Воведен збор
12:15-13:15 Ѓубрето околу нас: како се справуваме со отпадот на „Големата слика?“
13:15-14:15 Ѓубрето од нас: како живеат луѓе без отпад?
14:15-14:45 Пауза, нула-отпад закуска
14:45-15:30 Како е во реалноста? Пример за импакт. Вовед во предизвикот
15:30-16:00 Рефлексија, делење на стартер-пакети

Зошто има потреба од ваков вид на обука?

„Отпадот кој го создаваме завршува на депониите кои ја контаминираат почвата, дел од исцедоците завршуваат во водните површини и во воздухот кој секојдневно го дишеме. Освен што ја загадува природата тој влијае негативно и од економска гледна точка бидејќи сите набавени ресурси во нашите домови не се искористени пред истекот на рокот. Од друга страна пак секоја година во светот се призведуваат вкупно 4 милијарди тони храна, а во отпад завршуваат 33% од нив, Македонија е земја во која 450.000 лица не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден.
Кога ќе го пресечеме последното дрво, кога ја уловиме последната риба и кога ќе ја загадиме последната река, конечно ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари“, се вели во повикот за обуката.