Повик за учесници на Младинската конференција за Западен Балкан во Париз

Европската комисија и Владата на Франција повикуваат на апликации за учество на Младинската конференција за Западен Балкан. Конференцијата ќе се одржи во Париз на четврти јули, на маргините на Самитот за Западен Балкан.

Connecting Youth конференцијата ќе спои 150 млади луѓе од Европската унија и земјите од Западен Балкан, кои ќе дискутираат за заедничките предизвици и ќе работат на наоѓање на заеднички решенија.

Учесниците ќе бидат поделени на четири групи, кои паралелно ќе работат на темите: образование и мобилност за млади, вработување и претприемништво за млади, младински активизам и учество во одлучувањето и младите и медиумите.

Повикот е отворен за млади на возраст од 18 до 35 години, од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, како и од земјите-членки на ЕУ.

Условите за пријавување и формуларот можете да ги најдете на следниот линк.