Повик за тренинг школа за социјално претприемништво за девојки и жени

„Една може!“ организација на еднородителски семејства и „Една прави!“ социјалното претпријатие, објавија повик за бесплатна тренинг школа за економска слобода на девојки и жени.

„За таа цел ги повикуваме сите жени и девојки кои се дел од дискриминирани, малцински, ранливи групи: самохрани мајки; жртви на семејно насилство; девојчиња од еднородителски семејства; жени и девојки од верски или етнички малцинства; девојки со посебни развојни потреби или потекло од специфична семејна конструкција, како и сите активистки; блогерки; инфлуенсерки, социјални воинки кои се борат за родова еднаквост.. да земат учество во нашата работилница, која цели кон зајакнување на учесничките како и нивно информирање и стекнување со знаење и вештини во областа на претприемништвото“, се вели во повикот на „Една може!“.

Истовремено, ги канат и сите заинтересирани, а искусни претприемачки, да се пријават за менторки на оваа тренинг школа, и да ги споделат своите професионални капацитети со избраните учеснички.

Тренинзите се составени од два дела: теоретски и практичен дел со цел стекнување вештини, самодоверба и знаења кои водат кон економска слобода.

Линк за пријава на менторки: https://goo.gl/forms/NfQVbPh50Va0mJWu1 и доставување на ЦВ на линк: onecan2015@yahoo.com.

Линк за пријава на учеснички: https://goo.gl/forms/yQNrmOWRJ4FrufJ42.