Владата ќе иницира измени во Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги. Основа на новите измени е предлог законот што петте медиумски организации ССНМ, ЗНМ, МИМ, ВШ и ИКС ги поднесоа во Собранието во март 2016, но беше отфрлен од тогашното парламентарно мнозинство.
Сега, велат организациите, тој текст повторно е основа за идни измени.
ССНМ поканува секој да го прочита материјалот врз основа на кој ќе се дебатираат новите измени и да даде свои предлози и сугестии.
Постојниот Закон за аудио и аудиовизулени услуги можете да го прочитате ТУКА.
Измените на медиумските организации кои произлегоа од сугестиите на олеснувачот на пржинскиот договор Питер Ванхојте можете да ги видите ТУКА, а барањата за системски медиумски реформи на петте медиумски организации доставени до Владата ТУКА.