Повик за студентски акции за подобрување на условите во студентските домови

Младински образовен форум (МОФ) во рамките на проектот „Студентски домови без корупција“ објавува повик за предлог-концепти за креирање студентски акции за подобрување на условите во државните студентски домови. Повикот е наменет за студентите кои престојуваат во државните студентски домови: „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски- Питу“.

Повикот има за цел да ги поддржи студентите во реализација на нивните студентски акции од различен карактер за подобрување на условите за престојување во домовите.

„Доколку сметате дека преку акцијата можете да ја подобрите состојбата на домовите, аплицирајте со свој предлог-концепт согласно насоките од овој повик. Организацијата на избраните студентски акции ќе биде помогната од ментор кој ќе работи со тимовите“, стои во повикот.

МОФ ќе ги поддржи најдобрите предлог-концепти кои се однесуваат на барем една од наведените области:

  • Реновирање и ревитализирање на постоечките објекти и простории во студентските домови;
  • Создавање на нови простори кои се од корист на студентите;
  • Подобрување на животната средина во студентските домови;
  • Подобрување на студентскиот стандард преку образовни и културни активности.

На повикот може да се пријават тимови од студенти кои престојуваат во некој од студентските домовите, составени од најмалку 3 членови. Членовите на тимот ќе поминат циклус обуки за развивање и подобрување на предлог-концептите. Студентите од тимот што ќе аплицираат со предлог-концепт потребно е да се станари на студентскиот дом каде би сакале да ја реализираат студентската акција.

Во рамките на повикот ќе бидат избрани шест најдобри предлог – концепти, по два предлог-концепти за студентски акции по студентски дом. Настаните ќе се реализираат во месец мај  2019. Буџетот за секој од избраните предлог – концепти за акција изнесува максимум 43.000 денари (бруто износ).  Сите тимови ќе работат со ментор ангажиран од страна на МОФ, кој ќе ги води низ процесот.

Сите заинтересирани тимови можат да се пријават најдоцна до 17-ти април 2019 година (среда), преку испраќање пополнет предлог – концепт и предлог буџет на настанот на следниов мејл: martina_ilievska@mof.org.mk и bojana_nizamovska@mof.org.mk.

Повеќе информации за повикот на mof.mk/studentskiakcii 

Апликацијата може да се преземе на следниот линк