Повик за средношколци за учество во обуки за социјално претприемништво

Здружението за социјални иновации АРНО објави повик за обуки на кои ќе се учи за новите бизнис модели кои го рефлектираат социјалното претприемништво и инвестирањето назад во заедниците преку корпоративна општествена одговорност и филантропија.

Тие се дел од проектот SEED кој е дизајниран да им овозможи на учениците да станат идни социјални претприемачи. Преку него, во период од 24 месеци, младите луѓе ќе учат основни вештини за водење бизнис, а исто така ќе учат и за филантропија, креативност, лидерство и тимска работа.

Главната цел на SEED проектот е да го доближи уште поблиску претприемничкото образование до учениците преку нудење на знаења и вештини за новиот бизнис модел на социјални претпријатија како дел од училишниот предмет „Претприемништво“, кој се предава во 3-те партнерски училишта (Хрватска, Литванија, Северна Македонија). Проектот го координира Здружението за социјални иновации „АРНО“ во партнерство со училиштата од трите земји и граѓанската организација „GoGreen Belgium“ од Белгија, и истиот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата Еразмус +.

Што се очекува од учесникот?

Од учесниците се очекува да придонесат со својата позитивна енергија и љубопитен ум, и да учествуваат во обуките:

  • „Вовед во социјално претприемништво и општествена одговорност на претпријатијата“ онлајн, 01-05 февруари 2021
  • „Маркетинг за социјално претприемништво“, во Хрватска (или онлајн), 5-дневен настан
  • „Прибирање на финансиски средства за социјални претпријатија“ во Литванија (или онлајн), 5-дневен настан
  • „Одржливост на социјалните претпријатија“ во С. Македонија (или онлајн), 5-дневен настан

Покрај учеството на обуки од тебе ќе се очекува помош во:

  • Организација на локални активности и учество во иницијативи на АРНО
  • Промовирање на активностите на АРНО преку пишување на текстови, објави на социјални мрежи итн

ВАЖНО: Сите трошоци за учество во проектот се покриени од страна на АРНО.

Кој може да аплицира и како?

  • Може да аплицира секој што е средношколец
  • Секој кој е во можност да разговара и да комуницира на англиски јазик
  • Секој кој има желба да учи нови работи и да стекне нови вештини
  • Секој што има интерес за социјалното претприемништво
  • Секој што има желба и можност да патува
  • Секој кој е запознаен со работата и вредностите на АРНО и сака да стане член на организацијата (ама вистински да ти се допаѓа нашата работа и да сакаш да си дел од тимот:))

Аплицирањето е преку испраќање на CV и кратко мотивационо писмо (една страница) во кое ќе ја опишете вашата мотивација да бидете дел од проектот и АРНО, најдоцна до 25 јануари 2021 година на arno.mkd@gmail.com

Како се одвива процесот на селекција?

  • Прво ќе ви испратиме емаил за потврда дека вашата апликација е примена.
  • Можеби ќе бидете поканети на краток разговор.
  • Во случај да бидете одбрани, ќе бидете информирани преку email и телефонски повик.
  • Првата обука е од 1-5 февруари, па бидете на готовс 🙂

Погледни го повикот во PDF

Заследи ги профилите на проектот на социјалните мрежи: Фејсбук, Инстаграм