Повик за работилница за „yarn bombing“ – улична уметност преку плетење

Младинскиот образовен форум во рамки на Медиа Арт клубот – Скопје објавува повик за учесници на обука за „yarn bombing“. Ова е вид на улична уметност која користи шарени прикази на плетки наместо боја или креда.

Додека другите форми на графити можат да бидат експресивни, декоративни, територијални или рекламирање, „yarn bombing“ најчесто се користи за враќање на стариот сјај на стерилните или запуштени јавни места. Преку запознавање со техниките и елементите на „yarn bombing“, основната цел на оваа работилница е да ги стимулира учесниците да креираат свои плетки и да го развиваат тимскиот дух.

Работилницата ќе трае шест работни средби и ќе се одржи во Скопје, во просториите на Младинскиот образовен форум. Средбите ќе се одржуваат на неделно ниво, секоја сабота од 14:00 до 16:00 часот.

Обуката е отворена за млади од Скопје, на возраст од 16 до 25 години со желба да плетат и да ја развиваат својата креативност. Бројот на учесници е ограничен, a учеството е бесплатно. Обуката ќе се одвива на македонски јазик од Панде Ефтимов, член на Медиа/арт клубот Скопје.

Сите заинтересирани треба да аплицираат најдоцна до 3 мај, со испраќање целосно пополнет формулар на следниот ЛИНК.

Сите заинтересирани за повеќе информации може да се обратат на ivona_kuzmanovska@mof.org.mk или на телефонот во МОФ 02 3139 692.

Потврда за учество ќе им биде испратена на избраните учесници веднаш по истекот на рокот за пријавување. Обуката ќе се одржи во Скопје, а организаторот не покрива патни трошоци или трошоци за сместување.