Повик за работилница на тема „Слобода на изразување – предизвици и Европски стандарди”

Здружението Институт за развој на заедницата – Тетово, во рамките на своите програмски активности, вторпат по ред, во соработка и поддршка од Совет на Европа, организира работилница со наслов „Слобода на изразување – предизвици и Европски стандарди”.

Работилницата ќе се одржи од 11 до 14 Јуни 2015 година во Хотел Монтана Палас во Крушево.

На работилницата е предвидено да земат учество околу 30 учесници (новинари и членови на здруженија) кои се занимаваат и работаат на теми поврзани со слобода на изразување.

Предност за учество ќе имаат учесници кои работаат во медиуми или здруженија од помали населени места од Македонија. Од еден медиум или здружение може да аплицира само еден кандидат.

Панелисти ќе бидат новинари и истражувачи од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, како и претставник од Совет на Европа кој што ќе има свое излагање. Работниот дел на работилницата ќе биде на Македонски јазик. При презентација на претставникот од Совет на Европа, ќе биде обезбеден симултан превод од Англиски на Македонски јазик и обратно.

Трошоците за пат и сместување ќе бидат покриени од страна на организаторот. Краен рок за пополнување на апликацијата е 27 Мај 2015 година. За резултатите од конкурсот и финалната листа на учесници ќе бидете информирани најдоцна до 31 Мај 2015 година. Агендата е достапна тука.

Апликацијата може да се преземе од овде. Пополнетата апликација пак, треба да се испрати на atimosieska@irz.org.mk.