Повик за приклучување на организации кон НМСМ

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) отвори повик за приклучување на нови организации членки кон советот.

Повикот се однесува на младински организации, организации за млади, сојузи како и подмладоци на други организации.

Од НМСМ информираат дека придобивките од членството поголема соработка, вмрежување, учество во заедничко креирање политики, развој на капацитетите какои информации и известувања за можностите кои ги нудат останатите организации.

Заинтересираните треба да ги достават потребните документи на applications@nms.org.mk најдоцна до 19 август 2020, до 23:59 часот.

Одлуката за членство ја донесува Собранието на НМСМ каде што организациите кои ќе сакаат да се приклучат во Советот ќе можат  да ја претстават нивната работа на Генералното собрание кое ќе се одржи на есен.

Целосниот повик и критериумите за членство можете да ги најдете на следниов ЛИНК.