Повик за пријавување на биеналето на уметничка фотографија „Фотомедиа 2014“

Уште 10 дена остануваат до крајниот рок за пријавување на биеналето на уметничка фотографија Фотомедиа 2014, од каде се  повикуваат сите фотографи најдоцна до 15.септември да испратат свои фотографии за учество на оваа престижна манифестација.

Повик за пријавување на биеналето на уметничка фотографија „Фотомедиа 2014“

„Фотомедиа не е само уште една изложба. Фотомедиа растеше низ годините, за да се етаблира во познато име меѓу цунамито на дигитални натпревари, како една од ретките изложби каде се праќаат принтови. Изложба каде што се цени авторството, а жирито комуницира во живо. Затоа на Фотомедиа пристигнуваат некои од најдобрите дела за дадениот период, од сите делови на светот“, појаснуваат од Фотомедиа.

Сите заинтресирани своите фотографии може да ги испратат на адресата наведена во правилата за учество или да се однесат во ФК Елема секој понеделник помеѓу 20:30 и 22:00 часот, на Електротехнички факултет во бараката со број 3.