Повик за пријавување филмови на Македокс

Повик за пријавување филмови на МакедоксПо повод петтото издание на МакеДокс, фестивалот за креативен документарен филм кој ќе се одржи идната година во јуни, распишан е повик за пријавување филмови.

Сите заинтересирани своите креативни документарни филмови можете да ги пријават во една од следниве категории:

Кромид/ Млад Кромид / Кокарче/ Балкански кромид/ Сецкан кромид

Повеќе за категориите прочитаjте овде , додека електронска пријава може да ја најдете овде.

Краен рок за пријавување е први февруари, 2014 година. Сите досега испратени пријави ќе бидат земени во предвид.

Деновиве „МакеДокс“ го припрема и новиот прирачник за користење на документарни филмови во образованието, дел од проектот „Ние сме визуелни“ . Издавањето на прирачникот е планирано за ноември 2013 година, а неговата промоција е закажана за 26 и 27 ноември на меѓународна конференција во Амстердам, Холандија.