Повик за практиканти од ФИНКИ

Младински образовен форум (МОФ) објавува повик за двајца практиканти, студенти на ФИНКИ, кои во период од еден месец би се активирале во следниве организациски процеси:
  • Вклучување во логистички и организациски тим на Конференцијата за друштвени медиуми и активизам “ENGAGE” која ќе се одржи на 23ти февруари (www.radiomof.mk/engage);
  • Вклучување во активностите кои следат после ENGAGE, а се поврзани со дополнителна видео, графичка и веб промоција на активностите од конференцијата;
  • Вклучување во техничко и графичко подобрување на можностите кои ги нуди веб страната на првото младинско онлајн радио, www.radiomof.mк
  • Вклучување во тим кој подготвува нова верзија на веб страна на МОФ, www.mof.org.mk;
Заинтересираните студенти треба да се пријават на info@mof.org.mk, најдоцна до 20 февруари 2013 година (15:00 часот), преку испраќање биографија и мотивациско писмо преку кои може да се оценат интересите и капацитетите на заинтересираните апликанти.