Повик за поднесување предлози за универзитетски курсеви за PATTERNS предавања

ЕРСТЕ Фондацијата ги повикува предавачите од државните универзитети во Централна и Југоисточна Европа, кои нудат студиски програми во областите историја на уметност, културни студии и сродните области, да се пријават за програмата PATTERNS предавања.

Повик за поднесување предлози за универзитетски курсеви за PATTERNS предавања

Оваа иницијатива го охрабрува развојот на универзитетски курсеви во областите историја на уметност, теорија на култура и културни студии, кои имаат за цел истражување и разбирање на поновата културна историја на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Од Ерсте Фондацијата велат дека се посебно заинтересирани за курсевите:

– кои се неодамна развиени и не биле организирани претходно;
– кои се однесуваат аналитички кон периодот кој почнува од 1960-те и трае до денес, вклулчувајќи ја годината на транзиција, 1989;
– кои се занимаваат со феномените на културата од 1989 година до денес, вклучувајќи ги аспектите на популарните, маргиналните и контракултурите;
– кои ја истражуваат интердисциплинарната и крос-културната историја на Централна и Југоисточна Европа;
– кои вклучуваат критичка методологија, иновативни и интерактивни наставни практики.

Исто така, програмата охрабрува меѓународна економска размена, овозможувајќи им на предавачите меѓународни студиски посети и одржување гостувачки предавања.

Предлозите за курсеви на надворешните предавачи мора да бидат интегрирани во рамките на државните високообразовни институции. Курсевите треба да бидат одржани во академската 2014/2015 година.

Повикот за пријавување е отворен до 23 февруари 2014 година. Сите документи потребни за пријавување, вклучувајќи упатства, се достапни за преземање на следниот линк. За сите дополнителни прашања, заинтересираните може да се обратат на e-mail адреста patterns@wus-austria.org.

Програмата PATTERNS предавања ја покрена ЕРСТЕ Фондацијата, а ја спроведува Светската универзитетска служба на Австрија.