Повик за организации за учество во проект за фискална транспарентност

Институтот за економски истражувања и политики Finance Think, Скопје, со поддршка од Британска Амбасада, Скопје, го спроведува проектот ФИСКАСТ+: Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите квалитет на живот, образование и здравство чија цел е да се истражи ефикасноста и квалитетот на избрани политики во областите на квалитет на животот, образование и здравство, преку јавна дебата и решенија за политиките кои произлегуваат од податоци и докази.

За таа цел, објавува Повик за изразување интерес на локални и национални граѓански организации кои работат во трите области од интерес на проектот: образование, здравство и квалитет на живот, да се вклучат во овој проект.

Активности во кои пријавените граѓански организации би учествувале во текот на спроведување на проектот се:
– Учество на обуки за зголемување на капацитетот на организацијата за економски анализи;
– Учество во идентификување на клучните политики во трите наведени области;
– Учество во анализа на постоечките политики во трите наведени области;
– Учество на дебати, состаноци и други настани во рамки на проектот; и сл.

Повикот за изразување интерес, со подетални информации за проектот и начинот на пријавување е во прилог. Заинтересираните можат да го пополнат образецот кој може да се најде на овој линк, најдоцна до 19 септември 2016 година.