Повик за обука во „Google“, може да аплицираат и македонски студенти

Како дел од заложбата на „Google“ за разноликост и обезбедување можности за студентите од сите академски средини, објавен е повикот за 2013 година „Google Building Opportunities for Leadership & Development (BOLD) Immersion Programme“ – за сите сегашни студенти кои треба да дипломираат во 2015 година.

Повик за обука во „Google“, може да аплицираат и македонски студентиИзбраните студентите ќе учествуваат во програмата во европското седиштето на Google во Даблин, Ирска од 04-06 септември 2013 година. „The Building Opportunities for Leadership & Development (BOLD) Diversity Immersion Programme“ е создадена така што обезбедува учество во онлајн индустријата на студентите кои се недоволно застапени во оваа област. Учесниците ќе добијат ретка можност да учествуваат на ваков начин во онлајн светот, не-технички можности за кариера во „Google“ и вредни професионални и друштвени вмрежувања.

Во Програмата исто така ќе биде вклучена професионална надградба, семинари за подобрување на вештините, а се дава можност за средби со студенти од други ЕМЕА земји и многу забава.

За да аплицираат студентите треба да бидат на додипломски или постдипломски студии, да дипломираат во 2015 година во земјите во Европа, Средниот Исток или Африка, како и да се достапни да патуваат и престојуваат во Ирска на 4,5,6-ти септември 2013 година.  Патувањето и сместувањето се покриени од страна на „Google“.

Апликациите за „2013 BOLD BOLD Immersion Programme“ може да се испратат на следниот ЛИНК. Крајниот рок за нивно испраќање е 30 јуни 2013. Организаторите потенцираат при аплицирањето задолжително да се наведе“Invite Code”: OSF .

Оние што аплицираат ќе треба да испратат CV на англиски јазик, еден краток есеј и една препорака од професор,ментор или соработник.

Поодетални информации може да се најдат на страната на Google или да се контактира тимот на мејлот bold-team-emea@gogle.com . Успешните апликанти ќе бидат објавени до крајот на јули 2013 година.