Повик за нови радио емисии на Радио МОФ

Радио МОФ и оваа година отвора повик за нови радио емисии и водители. Повикот е отворен за сите млади луѓе кои го сакаат радиото и кои имаат желба да и ги пренесат на публиката нови знаења и искуства за своето хоби, за музиката што ја слушаат, за настаните кои ги организираат.

Во новите емисии може да бидат опфатени различни теми кои се интересни за младите во земјава, од настаните во младинскиот свет до општествените промени, од промоција на нова музика до разговори за последните уметнички случувања, од дебати за технолошкиот напредок до анализа на најновите научни откритија. Бараме нови радио емисии кои ќе не разбудат, расположат, замислат, емисии кои ќе предизвикаат акција.

Обврски на авторите на новите емисии:

-Емисиите треба да бидат ваше авторско дело;
-Ангажманот околу емисијата ќе биде ваш волонтерски труд;
-Ваша обврска ќе биде спремањето содржина и водењето на емисијата.

Радио МОФ ќе обезбеди:

-техничка поддршка за снимањата;
-помош при осмислувањето на содржините;
-промоција на емисијата.

Пријавените кандидати ќе бидат повикани на интервју и аудиција, а за избраните ќе биде организирана и мини обука. Повикот за емисии на Радио МОФ е отворен за сите млади луѓе, по возраст и дух.

Краен рок за испраќање на апликациите е понеделник, 31 август, 2015 година.

Ние во Радио МОФ не веруваме во цензура, само во слободна аргументирана мисла и затоа сакаме да чуеме за твојата идеја за радио емисија и да помогнеме таа успешно да биде реализирана.

Нека биде креативна, интересна и смела!

Loading…”>