Повик за нови членови во АИЕСЕК

АИЕСЕК е најголемата интернационална студентска организација која веќе 63 години развива млади лидери и во Македонија, а воедно е распространета и во други 130 земји во светот. Целта на АИЕСЕК е да им овозможи на младите да ги развијат своите лидерски способности.

„Младите можат да бидат херои на нашето општество само доколку го ослободат херојот во себе, велат од организацијата. Ние во АИЕСЕК НЕ веруваме во стереотипите дека тешко се успева, дека конкуренцијата ќе те прегази, дека работа на студентот е само да учи. Ние веруваме во проактивна младина и пат кој сами ќе си го изгазиме со пред се позитивен став“, велат од организацијата.

„Приклучи се кон 100.000 студенти кои секојдневно го менуваат светот. 100.000 студенти кои ги развиваат своите вештини во областа на: маркетинг, продажба, човечки ресурси, проект менаџмент, бизнис администрација, информациони технологии, студенти кои организираат конференции и учествуваат на нив, кои се дел од мрежа на интерационални лидери. 100.000 студенти кои веруваат дека иднината зависи од нив, па решаваат да ја направат онаква каква што сакаат да ја видат, општество во кое сакаат да живеат“, повикуваат од АИЕСЕК.

Регрутацијата на нови членови е во тек. Заинтересираните можат да ја посетат веб-страницата http://aiesec.org.mk/ , да кликнат на “join us” и да ја пополнат апликацијата!

За повеќе информации, следете го АИЕСЕК на социјалните мрежи.

АИЕСЕК Македонија

АИЕСЕК Скопје

АИЕСЕК Прилеп

АИЕСЕК Штип

АИЕСЕК Тетово

Или, посетете ги штандовите кои ќе бидат поставени на факултетите во горенаведените градови како и во нивните локални канцеларии. Пријавувањето трае до 22 септември.