Повик за нови членови на АИЕСЕК

Организацијата АИСЕК Македонија распиша отворен повик за нови членови кој трае до 22 септември.

Повик за нови членови на АИЕСЕК

АИЕСЕК е најголемата, невладина, непрофитна, интернационална платформа за развивање на лидерскиот потенцијал кај младите. Преку 65 години на интернационално ниво и 60 години во Македонија, членовите на АИЕСЕК преку тимска работа, работа на проекти и активности од општествено одговорен карактер имаат позитивно влијание врз општеството. Присутна е во над 124 земји и територии и брои членство од 100.000 студенти.

На интернационално ниво е поддржана од над 8000 партнерски компании и организации и ги нуди програмите за размена кои имаат за цел да ги поттикнат младите за позитивно влијание врз општеството и придонес во решавање на општествените проблеми, како и развивање на нивниот лидерски потенцијал.

АИЕСЕК на почетокот од секоја академска година врши регрутација на нови членови од сите универзитети и најразлични области на студирање, а овој пат повикот е отворен за канцелариите на АИЕСЕК во Скопје, Прилеп, Тетово и Штип.

„Стани член на АИЕСЕК, и развиј ги твоите вештини во областа на: маркетинг, продажба, човечки ресурси, проект менаџмент, бизнис администрација, како и информациони технологии, и осигурај се дека по завршувањето на твоето високо образование, ќе поседуваш практично искуство ценето од илјадници компании ширум светот, развиени професионални и лидерски вештини и на крајот, дека ќе се разликуваш од останатите“, се вели во повикот.

Сите заинтересирани млади може да аплицираат на следниот линк.