Повик за награди за ученици кои победиле на меѓународен натпревар по математика и природни науки

Учениците и наставниците кои работеле со нив, а имаат освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки,може да аплицираат на конкурсот за доделување парични награди кој го распиша Министерството за образование.

Јавниот повик е наменет за учениците од основните и средните училишта во земјава, за постигнати резултати во учебната 2014/15 година. Под меѓународен натпревар, појаснуваат од МОН, се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави.

Повикот ќе биде отворен до 30 јуни, 2015 година. Пријавите, заедно со потребната документација, наведена во конкурсот кој е објавен на www.mon.gov.mk, може да се доставуваат секој работен ден до Министерството за образование и наука на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „За Јавен повик за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки“.

Од ресорното министерството информираат дека ќе бидат доделени парични награда во износ од 50% од просечната нето плата во последниот месец пред доделувањето за освоено прво место, 40% за освоено второ место и 30% за освоено трето место.