Повик за младински камп за одржлив развој во Охрид

Од 6 до 9 ноември во Охрид ќе се организира „Камп за одржливост“ на тема „Намалување на аерозагадувањето и отпадот во Република Северна Македонија“.

Кампот ќе нуди низа активности, интерактивни алатки и едукативни игри, а составен дел од „Училиштето за одржлив развој“, кое овозможува неформално изучување и разбирање на целите за одржлив развој, поставени од Обединетите Нации за 2030 година.

Организатор на кампот е Здружението „Еко-Логик“, во соработка со Град Скопје и Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје.

„Еко-логик“ потенцира дека учесниците ќе имаат можност подобро да се запознаат со примарните причини за енормното аерозагадување и постоењето на голем отпад како што се: начинот на користење на греењето во домаќинствата, индустрија, нерегулиран сообраќај што ги емитува отровните ПМ-честички, недоволна комунална инспекција, ниска свест за селектирање и согорување на отпад итн.

„На кампот за одржливост, исто така, учениците ќе имаат можност да дадат свој придонес, споделат размислувања поврзани со начините и методите на намалување на аерозагадувањето и отпадот во определени населби и градови“, соопштува „Еко-Логик“.

Од таму додаваат дека ќе бидат организирани индивидуални и групни активности, дебати, работилници и игри, но секако ќе има и забавен дел за сите учесници (тура низ градот).

Кампот е наменет за средношколци кои имаат навршено 16 години и/или се втора, трета, четврта година во средни училишта кои се под надлежност на Град Скопје.

Повеќе информации за кампот ТУКА. Апликација за кампот ТУКА.