Повик за млади за тренинг-програма „Дигитални вештини за граѓанско учество“

Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“ отвори повик за млади луѓе за тренинг – програма „Дигитални вештини за граѓанско учество“. Станува збор за виртуелна (онлајн) програма, која овозможува развој и унапредување на дигиталните вештини кај младите.

Програмата е поделена на пет модули, кои ќе бидат водени од експерти, кои имаат повеќегодишно искуство во својата област на глобално ниво:

Модул 1: Дигитален активизам и медиуми;
Модул 2: Развој на дигитални кампањи за граѓанско учество;
Модул 3: Критичко размислување, дезинформација и отчетност;
Модул 4: Лидерство врз основа на вредности;
Модул 5: Граѓанско учество за јавна дипломатија.

Сите заинтересирани млади можат да се регистрираат за учество на следниот линк, заклучно до 25 февруари: https://bit.ly/3LGHo4l. Учеството на тренинг – програмата е без надомест, а истата ќе се спроведува на англиски јазик.

„Учесниците ќе имаат можност да научат како правилно да се користат социјалните медиуми и дигиталните алатки; да се креираат кампањи и пораки кон различни публики; да го зголемат учеството на граѓаните во повеќе области и др“, стои во повикот.

Проектот го спроведува Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“, во соработка со Македонско Американската Алумни Асоцијација (МААА), DCN глобалната мрежа, а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје.