Повик за млади учесници на работилницата на тема „Пештерите во Македонија“

Повик за учесници на работилницата на тема пештерите во Македонија, лилјаците, мечките, рисовите и општо за спелеологија во период април-мај 2016.

ЦМА КРИК и Истражувачко друштво Урсус Спелеос Скопје во соработка со Зоолошката градина Скопје и Македонското Еколошко Друштво, објавуваат повик за интерактивни едукативни работиници на темата „Во светот на пештерите“. Целта на работилницата е да се допре до помладата популација преку кои ќе ги осознаат убавините на пештерите на територија на Македонија.

За кого: младинци од 5 до 7 одделение.

Тема: пештерите во Македонија, лилјаците, мечките, рисовите и општо за спелеологија.

Цели на програм
aта: Работилниците се создадени да ги мотивираат и поттикна младите да ги истражуваат подземните убавини на Македонија, да се надогради нивнито знаење како и стекнување на нови здрави навики.

Каде: ЗОО Скопје – Едукативен центар 2

Кога: април- мај 2016

Распоред на работилници :
1. Вовед во спелеологија и пештери ( 16.04 – 14 часот )
(предавање од м-р Билјана Гичевски од Истражувачкото Друштво Урсус Спелеос)

2. Предавање за животните и лилјаците и прошетка низ ЗОО Скопје ( 23.04 – 12 часот )
(предавање од гостин предавач од Македонското Еколошко Друштво)

3. Тематска ликовна работилница ( 07.05 – 12 часот )
(групна работа и цртање на пештери)

4. Тематска работилница со глина ( 14.05 – 12 часот )
( групна работа и изработка на пештерски украси од глина)

5. Завршна изложба (дополнително утврдување на датум)
(Изложба на групните дела од работилниците и доделување на сертификатите)

Работилниците се базирани на методи и техники на неформалното образование и вклучуваат работа во групи, креативни методи и сл.

Пријавувањето е најдоцна до 15.04 и е БЕСПЛАТНО!

Заинтересираните може да е пријават на тел.078/409 005.( Александар Стојаноски )