Повик за млади истражувачи за образование, политики за млади, социјални и политички прашања

Младински образовен форум (МОФ) отвори повик за млади истражувачи во склоп на Проектот за образовни центри за советување и алумни стипендисти на Фондации Отворено општество (ФОО). Целта на проектот е да се искористат ресурсите и капацитетите на МОФ и знаењето и искуството на алумни стипендистите градејќи мрежа на млади истражувачи.

Во склоп на проектот ќе бидат поддржани четири истражувачки трудови, а истите ќе ги спроведат млади истражувачи кои ќе бидат менторирани од искусни истражувачи од МОФ и мрежата на алумни стипендисти на ФОО.

За учество апликантите треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се студенти или дипломирани лица на возраст од 19 до 26 години;
  • Да покажуваат интерес во истражувања во областите образование, политики за млади, социјални и политички прашања од важност за младите;
  • Да имаат разбирање за клучни младински проблеми на локално и национално ниво;
  • Да се во можност да посетат дводневна обука за млади истражувачи, надвор од Скопје;
  • Да се во можност да работат во тим и учествуваат во истражувањето со поддршка од ментор во периодот од јануари до мај 2019;
  • Да го финализираат истражувањето до 31-ви мај 2019;
  • Да присуствуваат на 4 предавања на Алумни стипендистите, организирани од МОФ;
  • Да го презентираат своето истражување на завршниот настан организиран од МОФ.

Сите заинтересирани можат да се пријават индивидуално или како тим најдоцна до 21ви јануари (понеделник) 2019 годинана policy@mof.org.mk.

За аплицирање потребно е да се достават следните документи:

  1. CV на апликантот или апликантите доколку се аплицира како тим
  2. Резиме за предлог истражување (најмалку една страна)
  3. Предлог методологија за истражувањето (најмалку една страна)
  4. Распределба на средства – Буџет (Анекс 2, страна-Буџет)
  5. Временска рамка (Анекс 2, страна – Временска рамка)

Резимето, методологијата и буџетот за предлогот истражувањето може да бидат доставени индивидуално или од група на истражувачи (максимум тројца истражувачи). Изборот ќе го врши комисија составена од претставници на МОФ и алумни стипендистите и ќе биде врз база на бројот на поени добиени во различните критериуми наведени во повикот – Анекс 1.

Повеќе детали за подобноста, критериумите за одлучување и начинот на аплицирање можете да најдете во целосниот повик.

Сите заинтересирани апликанти кои имаат прашања, потреба од консултација или појаснувања за повикот можат да се обратат на policy@mof.org.mk.