Повик за креативно изразување преку цртање графити

Во рамките на кампањата „За подобро младинско учество СЕГА“, која што Коалиција на младински организации СЕГА започна да ја спроведува во април годинава, се организира настан за цртање графити.

Повик за кретивно изразување преку цртање графити

Од Коалицијата ги покануваат сите млади луѓе летово да се вклучат во оваа активност, која претставува одлична можност за креативно изразување.

Учесниците треба да се пријават на следните е-маил адреси: sega@sega.org.mk и maja@sega.org.mk .

Повикот е отворен до 10 јули 2013 година.