Повик за изработка на музичко интро

Интернационалниот фестивал за креативни документарни филмови „МакеДокс“ и Братко Бибич ги покануваат сите да создадат, снимат, па дури и да ја изведат својата оригинална музика во живо за воведната секвенца на култниот филм на Ѕига Вертов од 1929 година, „Човекот со филмска камера“.

Најдобрите музички парчиња ќе бидат прикажани или изведени пред почетокот на секоја филмска проекција во Куршумли ан.

Воведната секвенца е достапна за преземање овде.

Музичкото интро може да се испрати на bratko.bibic@guest.arnes.si најдоцна до 15 јуни 2015 година. Според организаторите, за музичкото интро нема котизација и награди. Наградата се состои од тоа што луѓето ќе ја слушнат музиката за време на фестивалот.