Повик за избор на најдобра новинарска статија на тема: Сексуалната работа во Македонија

Здружението „ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“ по повод одбележување на 17 дeкември – Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници објавува јавен повик за избор на најдобра новинарска статија на тема: „Сексуалната работа во Македонија“.

Повикот е отворен за сите новинари од печатените, електронски и интернет медиуми, како и студентите на студиите по новинарсто од последната година на студии.

Предлог теми за размислување или истражување:

-Стереотипи, стигматизација, рамнодушност или поддршка – сексуалните работници низ историјата и денес.
-Сексуална работа или проституција. Има ли разлика?
-Доброволност или закана и принуда – митови наспроти реалноста.
-Сексуална работа и трговија со луѓе – митови наспроти реалноста.
-Сексуално и општо здравје. Улогата на сексуалните работници во борбата против ХИВ/СИДА-та.
-Слобода на говор и изразување, на политичко здружување и акција, на пристапот до информации, до здравствени и образовни услуги – интерпретација на овие слободи врз заедницата на сексуални работници.
-Криминализација, легализација, депенализација, декриминилизација, рехабилитација – што е најдоброто решение?
-Правата на сексуалните работници се и човекови права. Како овој концепт се применува во Македонија?
Сексуалните работници како од решението, а не дел од проблемот.
-Влијание на позициите за сексуалната работа на глобалните организации (како на пр. Амнести Интернешнл) во креирање национални легислативи за сексуални раобтници.
-Влијание на активизмот на сексуалните работници и нивна вклученост во креирање политики кои ги засегаат.

За дополнителни информации поврзани со сексуална работа можете да се посети страната на ХОПС- www.hops.org.mk или профилот на Фејсбук.

Право на учество во повикот имаат новинари и студенти по новинарство кои своите текстови на овие теми ги објавиле во периодот од 1 јануари до 18 декември 2015 година.

За најдобрите три текстови според оценка на Комисија ќе следува парична награда:

-прва награда 300 долари,

-втора награда 250 долари,

-трета награда 200 долари.

Избраните статии на 23 декември ќе бидат објавени на веб страната на ХОПС како и на профилот на Facebook. Краен рок за испраќање на статиите (заедно со фотокопија или линк до објавената статија) е 18 декември, до 17 часот на мејлот voskren@hops.org.mk.